УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“-СКОПЈЕ
|
|
Добредојдовте на интернет страницата на Институтот за географија !!! Институтот за географија е најстара високошколска установа во Република Македонија од областа на географијата. Високостручниот потенцијал, богатото искуство од над 80 години, одличната просторна и техничка опременост, овозможуваат студирање по најсовремени светски стандарди. Освен додипломски студии, на Институтот се организираат магистерски и докторски студии, со што целосно е заокружен наставниот процес до највисоко ниво. Покрај стекнатото реноме, Институтот за географија и понатаму се труди да ја развива и продлабочува наставно-научната работа, да дава нови сознанија за одредени географски процеси и појави во државата и пошироко, а сето тоа вешто и софистицирано да го пренесува на новите генерации студенти. Шеф на Институтот за географија: Проф. д-р Никола Панов
ОД УЧЕБНАТА 2010/11, НОВИ НАСОКИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА:
НАСТАВНА ГЕОГРАФИЈА - ФИЗИЧКА ГЕОГРАФИЈА СО ГЕОЕКОЛОГИЈА - ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ - ДЕМОГРАФИЈА - ТУРИЗАМ - распоред на часови за учебната 2011-2012 година распоред на часови со вонредни студенти за учебната 2011-2012 година најнови известувања за студентите по наставници и соработници!!! |
Страницата е ажурирана на 14.10.2011 година. Содржините се од информативен карактер. Сите права се заштитени.
Изработка и ажурирање на страницата: Ивица Милевски. Вашите сугестии и коментари можете да ги пратите на: ivica@iunona.pmf.ukim.edu.mk